Заработувачката На Интернет Станува Хит и Во Македонија





Заработката е многу едноставна, а не бара ниту многу време ниту многу труд. Потребно е само да одвоите неколку минути во текот на денот и само да кликате на банерите што ќе ве однесат до рекламите што ги нудат ваквите сајтови.


Во Македонија и во соседството во моментов најпопуларен сајт што нуди заработувачка на овој начин е бугарски Необукс. Благодарение на системот на заработувачка што го нуди тој во Бугарија е попосетен дури и од Гугл, Фејсбук и од Јутјуб. Во Романија, Србија и во БиХ е шести по посетеност, а во Македонија исто така котира на високото деветто место.
За да почнете да заработувате преку Необукс потребно е прво да се регистрирате. Регистрацијата на сајтот е бесплатна. Откако ќе се регистрирате, сајтот ви дава опција да си отворите сметка на која потоа ќе ви префрла пари за вашите кликови. Сумите на почеток се многу мали и изнесуваат десетина од цент, но системот е така направен што колку подолг временски период сте присутни на сајтот, толку повеќе се зголемува сумата. На сајтот се рекламираат фирми од целиот свет кои нудат најразлични производи и услуги.


МКД.МК разговараше со Павле Силјановски, наш граѓанин што повеќе месеци заработува на сајтот Необукс.
„Почнав во мај минатата година и тоа без да вложам денар. Се регистрирав и ги следев упатствата на сајтот. Моја задача е секој ден да одам на него и да кликам на понудените реклами. Откако ќе ги изгледам, можам да се исклучам. Целата постапка не трае повеќе од десетина минути. На почеток немав голема заработувачка, но со тек на време заработувачката ми се зголеми така што во моментов дневно заработувам помеѓу 10 и 15 долари. Необукс парите ми ги префрла на сметката на Интернет, а јас потоа без никаков проблем ги префрлам на мојата трансакциска сметка. Моето искуство со Необукс е одлично и тоа им го препорачувам на сите. Значи не седете бадијала пред компјутер кога може да заработите“, вели тој.
Earn money sweet as honey

Познавачите на интернет-просторот објаснуваат дека станува збор за класичен маркетинг на Интернет и дека во целата работа нема ништо нелегално, иако останува нелогично кој е интересот на фирмите нивните реклами да не бидат кликани од потенцијални купувачи, туку од лица што тоа го прават само за да заработат.
Earn money sweet as honey


Comments