Пресметајте Дали Вашето Име е Магнет За Пари



Комбинација од броеви и вашето име можат да откријат дали парите лесно ќе ви дојдат во џебот или ќе морате малку да се помачите за нив.
Пресметка:

Прво напишете ги вашето име и презиме, па во табелата подолу пронајдете го бројот, кој одговара на секоја буква. Откако ќе го направите тоа, соберете ги броевите на името и презимето одделно, а потоа соберете ги и останатите два броја.

Важно е да собирате додека не добиете едноцифрен број.


Табела на вредности:

1 - А, Ф, Н, В

2 - Б, Г, Њ, З

3 - Ц, Х, О

4 - Ч, И, П, Ѓ

5 - Д, К, С, Р

6 - Џ, Л, Ш

7 - Љ, Т, Ј

8 - Е, М, У

9 - Ќ, Ѕ, Ж

Решение:

Број 1

Бројот еден тежнее кон тоа секогаш да биде прв. Овие личности се трудат секогаш да ја завршуваат работата совршено, а никогаш не се надеваат ниту пак бараат туѓа помош. Повеќе се интересираат за работата, отколку за стекнување на капитал, а тоа е и причината поради која никогаш немаат доволно пари.


Број 2

Секогаш зад себе имаат војска од луѓе кои им помагаат да дојдат до пари. Овие луѓе парите ги сфаќаат здраво за готово, а единствено функционираат во тимска работа. Тие се снаодливи и никогаш не остануваат на нула.



Број 3

Овие луѓе не ги сакаат парите, туку ги обожаваат, а до нив доаѓаат тешко. Ако успеат да развијат сопствен бизнис, дури тогаш успеваат да заработат. Нивната најдобра карактеристика е креативноста и подготвеноста за работа.


Број 4

Луѓето со овој број до ништо не доаѓаат премногу лесно и целиот живот се мачат да стигнат до плус пари. За нивниот успех вложуваат многу труд, а често се жалат дека не го сакаат тоа што го работат.


Број 5

Петките најмногу заработуваат кога одат некаде на далечни патувања или во странство на подолг период. Тие се многу прилагодливи и имаат силна интуиција која ги води низ животот. Точно знаат како да го организираат својот буџет и да заштедат.


Број 6

Овие луѓе успехот го остваруваат преку семејните бизниси, а доколку немаат, тогаш барат истомисленици за основање на приватна фирма. Доколку не успеат во вакви заедници често живеат во сиромаштија.



Број 7

Овие луѓе дури и не се заинтересирани за парите и ако треба ќе жртвуваат сѐ што имаат само да го работат тоа што го сакаат. Ако имаат среќа да не мораат да се грижат за финансии, тогаш ќе уживаат.


Број 8

На осмиците им е најважно да бидат добро платени за тоа што го прават. Тие не само што се способни да заработат, туку и да ги дуплираат парите. Берзата им е омилена, па често таму вложуваат пари и секогаш добиваат.


Број 9

Овие луѓе се во потрага за работа која ќе им донесе брза, лесна и голема заработувачка. Тие се нестрпливи и таа карактеристика често ги спречува да заработат. Ако успеат да сфатат дека трудот не мора секогаш да се исплатува, имаат голема шанса за збогатување. 


Earn money sweet as honey

Comments