Како што напишав во една од претходните статии најдобро се заработува на интернет со Google Adsense. Aко знаете добро англиски, имате познавање на работа со компјутери, и имате малку познавање на темата вебдизајн,можете да направите добри пари. Google Adsense Account до пред некое време се добиваше на многу лесен начин, потребно беше да имате веб страна и да аплицирате за добивање на реклами. Денеска тоа е, и не така лесно.
Google ги промени условите за добивање на реклами. Тоа се случи по Претседателските изборите во Америка откако победи сегашниот Американски Претседател Донапд Трамп. Сигурно имате слушнато за младите Велешани кои го налутија Google и Facebook.За да добијат повеке кликови на нивните страни пишувле лажни вести, краделе статии од познати Американски портали и ги објавувале на нивните страни.
Еден од условите за успех во работата со веб страна е и добра Оптимизација на страната. Што значи Оптимизација? Тоа значи дека страната треба да ја правите по стандардите на Google. Оптимизацијата е важна бидејки добро оптимизирана страна секогаш се наога понапред во било кој пребарувач а особено на Google Chrome. За оптимизацијата на страни има многу статии на интернет, треба само да седнете и да пребарате. Јас оваа работа ја работам веке 2 години. Научив многу, но има уште да се учи. Интернетот е најдоброто нешто што можело да му се случи на човекот. Тоа ви е бунар без дно, секогаш ке научите и ке откриете нови нешта.
Познавам, и имам слушнато за многу Македноци, не само од Велес, туку и од Куманово, Скопје, Срумица кои веке заработија многу пари со Google Adsense. За сите нив едно големо БРАВО, за останатите што уште читаат за Google Adsense или за PTC Sites би им порачал, не само да читаат и да пребаруваат на интернет, туку да преземат акција. Да почнат да работат. Па направете го тоа Преземете Акција и почнете.

Comments
Post a Comment